(ВИДЕО) Тензии и дофрлања пред гласањето во Собрание

Од:

Во голема нервоза и без дискусија, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА изгласаа промена на датмуот на избори за 5. јуни, повторно без согласност од опозицијата.

Кратката седница помина во префрлувања помеѓу двете најголеми партии, а координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески и Илија Димовски единствено си префрлаа чија е вината што нема услови за фер и демократски избори на 24. април.

Од албанските партии кои ја потпишаа Иницијативата за промена на датумот немаше никаква реакција, а двете најголеми македонски политички партии и надвор од говорницата продолжија со високи тонови и префрлање на вината.

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа во салата на само 20 минути пред полноќ, поради што немаше време да се дискутира дали треба или не да се прецизира датум за избори.

Од опозицијата останаа на ставот дека нема да гласаат уште еднаш присилен датум за избори од власта, на што добија одговор дека најголем срам за политичар е да бега од избори.

Александар Тодески