(ВИДЕО) Таравари: ДУИ, ВМРО- ДПМНЕ и ДПА можно е заедно да настапат на изборите

Од:

Политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА можно е и заеднички да настапат на следните парламентарни избори во април 2016. Ова го најавува Арбен Таравари, генерален секретар на Движењето за реформи при ДПА, на денешната дебата за Извештајот на Европската комисија за Македонија, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија и Македонскиот центар за европско образование.

– Постојат индикации и информации кои што ги имаме ние како партија, веќе постојат такви разговори за окрупнување на двете албански парламентарни партии и партијата која што е во владата, значи ВМРО -ДПМНЕ. Сите опции се отворени. Засега работиме на окрупнување на албанскиот опозициски фронт. Во Алијансата за Албанците веќе сме заедно со партијата на Руфи Османи, а сега сме во договори со БЕСА, но ќе видиме какви ќе бидат понатамошните чекори, рече Таравари.