(ВИДЕО) Студентски пленум: Потполно укинување на државниот испит

Од:

На петтиот студентски пленум едногласно е мислењето на студентите дека државниот испит треба да се укине.

-Ние бараме потполно укинување на државен испит, не сме отворени за преговори во однос на форматот, туку бараме потполно укинување на истиот, велат од студентскиот пленум.

Ова е прв студентски пленум по протестите. Студентите се собраа вечерва на Универзитетот „Кирил и Методиј“, а потоа продолжија со расправа во просторија на Правниот факултет. Според нив, до доцна вечерва ќе се расправа за неколку теми, меѓу кои за мобилизацијата на студентите, како и координацијата со студентите од другите градови кои исто не се согласуваат со новите решенија на Владата.

-Борбата продолжува, пробавме да стапиме во контакт со некои од институциите, имаше порака дека тие се подготвени за разговор, но претставниците кои ги понудивме беа одбиени за средба.

Постои интерес меѓу студентите за повторен протест, но сега засега нема да го најавуваме додека не видиме што сака мнозинството од студентите, затоа ќе го слушнеме мислењето на секој од нив, рекоа претставници од Студентскиот пленум.