(ВИДЕО) Средношколци до МОН: Нема да си одиме!

Од:

И попладнево средношколците ја блокираа улицата пред Министерството за образование и наука, за да покажат дека нема да се откажат од своите барања. Со силни свирежи и извици „Сега ќе не’ слушнете“, „Не си одиме“излегоа на улица заедно со родителите и наставниците.

Според Средношколскиот пленум утре изминуваат законските 25 денови дозволено остуство од наставата.

– Ќе треба да се договориме вечерва како ќе постапуваме понатаму за тоа прашање. Иако денеска дождот малку не’ поколеба, тука сме да покажеме дека остануваме цврсти и доследни во она што сакаме да го постигнеме, а тоа е подобро образование за сите во Република Македонија, вели Александар Милевски од Средношколскиот пленум.

Одреден ученици кои во групи се појавуваат на настава со што 25-те дена отсуство од настава им се ресетира, па тие повторно се враќаат на бојктот.

Некои ученици денеска отишле на настава заради тоа што им се собрале веќе 25 денови неприсуство на настава што може да резултира со бркање од училиште или парична казна за родителите. Одат неколку дена па тие повторно се враќаат на бојктот.

Средношколците веќе не се јавуваат во Министерството, чекаат да бидат повикани оттаму.
Досега околу 10 илјади граѓани се потпишаа на петицијата за поддршка за средношколците. Тие повеќе од еден месец ја бојкотираат наставата, а веќе втора недела спијат под отворено небо во паркот спроти зградата на Министерството. Родителите, пак се зачудени и револтирани од игнорантскиот однос на надлежните.

А.Б.