Слушнете ја песната од Соња Тарчуловска, испеана за својот сопруг, Јохан Тарчуловски, кому Тодор Александров му е омилен лик од историјата, пишува Република.
Проклета судба македонска, брат на брата кама подигнал, херои наши оцрнати, одродени, откажани.
Балкански војни веќе минаа, поделби тешки не поминаа, Тодор Алексанров храбро замина, параф потпиша за слободата, Тодор Алексанров храбро замина, параф остави за Македонија.
Го убија Александров, го убија за мисла македонска, за автономија на Македонија,
ослободена, обединета, за Македонија на Македонците, ослободени, обединети.
Лаги и клетви, тешки зборови, вистини многу в земја скриени.
Изгреа нова зора на слободата, “стариот” викна од далечината.
Го убија Александров, го убија за мисла македонска, за автономија на Македонија,
ослободена, обединета, за Македонија на Македонците, ослободени, обединети.