(ВИДЕО) Скандалозно: Собраниските служби не го видоа исфрлањето на новинари и пратеници

Од:

„На веб-страницата на Собранието на Република Македонија од денеска е прикачен нов банер со хронолошки приказ на постапката и околностите за донесување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

Како што соопшти собраниската прес-служба, тој е изготвен од стручната служба на Собранието на Република Македонија, согласно заклучокот на координацијата на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија.

Она што е несфатливо е како стручните служби, кои педантно навеле што се се случувало пред, за време и по 24.декември, не видоа дека на Црниот понеделник се исфрлени новинарите од галеријата, со грубо туркање и влечење, и како се исфрлени сите опозициски пратеници од салата.
Во документот, за спорниот 24 декември е наведено следното:

• Владата го доставува Дополнетиот предлог на Буџет на РМ за 2013 година до Собранието на РМ
• Претседателот на Собранието го доставува Дополнетиот предлог на Буџет на РМ за 2013 година до пратениците
• Претседателот на Собранието го дополнува Дневниот ред на 49. Седница на Собранието со Дополнетиот предлог на Буџет на РМ за 2013 година и за дополнувањето ги известува пратениците
• Координација (редовна) (Согласно член 24 став 1 од Законот за Собранието на Република Македонија)
• Соопштение од претседателот на Собранието на Република Македонија
• Обид на Претседателот на Собранието на Република Македонија за отпочнување на 49. Седница на Собранието на Република Македонија, напад на Претседателот и негово извлекување од салата за пленарни седници
• 49. Седница на Собранието на Република Македонија
• Поголема група граѓани собрана пред зградата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски ја пробива оградата

„Дупка “ во материјалот има за периодот од извлекувањето на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски од салата, се до гласањето за Буџетот.

А1он со видео потсетува што се случи на 24. Декември, а што службите во Собранието не го регистрираа.