На Универзитетот гледам полиција, тоа е вонредна состојба, вaка ја оцени денешната ситуација на УКИМ, професорот Светомир Шкариќ.
– Тоа се вооружени сили, а зад нив е Ректоратот. Не знам кого го чуваат, Ректорот? Ректоратот? Или пак Правниот факултет? Од гледиште на Уставот, автономија на Универзитетот претставува неприкосновеност на територијата на која што се наоѓа Универзитетот. Никој освен студентите и професорите не може да влегува на Универзитетот, каде не смее да има полициска сила. Кога јас бев професор, студент облечен во полициска или воена униформа не можеше да полага испит, мораше да биде во цивил, за да не се создава разлика, вели Шкариќ, профеосор по Уставно право.
Според него, каква било интервенција или активности на територијата на Универзитетот, никој па ни власта не може да презема без одобрение на Универзитетскиот сенат и Ректоратот.
– Се работи за длабока повреда на автономијата на Универзитетот, автономијата не претпоставува само слобода во изведувањето на наставата и на испитите, туку гаранција дека Универзитетот е тој што води сметка и за безбедноста. Никој не може да влегува, вели професорот Шкариќ