(ВИДЕО) Шилегов: Груевски јавно да сведочи пред Анкетната комисија

Од:

Како претседател на Анкетната комисија за незаконското прислушување упатив писмо до Никола Груевски, во среда, 20-ти јануари да се појави на седница на Комисијата и да сведочи. Дополнително, упатив писмо и до Трајко Велјаноски да не закажува пленарна седница, за да може да биде исполнет условот, седницата на Анкетната комисија, кога ќе сведочи Никола Груевски, да се пренесува во живо на Собранискиот канал, рече Петре Шилегов, пратеник и претседател на Анкетната комисија за прислушувањето во Собранието на РМ.

Само на овој начин се создаваат услови Анкетната комисија за незаконското прислушување да продолжи со работа, откако беше блокирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста знае дека Никола Груевски и ВРМО-ДПМНЕ најголем проблем имаат со вистината и со правдата. Но, успешната работа на Анкетната комисија за незаконското прислушување е обврска од Договорот од Пржино што мора да биде спроведена во целост.

За криминалот и корупцијата на власта во изминатите 10 години граѓаните очекуваат одговори и одговорност а не тајни сослушувања, скриени од очите на јавноста.

Наместо да се крие зад затворени врати и да бега од граѓаните, Никола Груевски има обврска да дојде на јавна седница и да одговори на сите прашања.