Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов побара од претседавачот Трајко Вељаноски да ги опоменува репликантите да се држат до говорот на тој што зборувал бидејќи, како што рече, ја злоупотребуваат говорницата за пропагандистички потреби.
– 11 години сте на власт, можевте да ги затворите сите, ако сме криминалци како вас. На некој како оној кој украл 2 милиони евра од Тутунска Банка, под услов 365 дена да се работни, ќе му требаат 6,2 години секој ден крадење по толку пари за да ги стаса Сашо Мијалков и Никола Груевски, рече Шилегов.