(ВИДЕО) Шекеринска: Вистината за Македонија одекна и во Брисел

Од:

Македонија со неодговорна власт доби повеќе нови бенчмаркови како што велите вие. Избори, враќање или промена на големи состојби, проблеми во судството, во медиумите, значи не се само изборите. Но, јасно е дека сето она што е напишано во договорот од Пржино, вклучително и ургентните реформи кои не се само во делот на изборите, ќе бидат тест со кој ќе се мери успехот или неуспехот на Македонија.

Изборите ќе бидат едни од сериозните тестови, дали сето она што е сменето во законите се имплементира на дело. Затоа што и овој извештај потврдува дека проблемот во Македонија никогаш не е на хартија, никогаш не е во пишаниот збор, туку тоа што многу закони и многу договори станаа тоалетна хартија. Европската комисија порача дека не смее да се случи тоа со договорот од Пржино и затоа власта ќе бега од него, ама не ќе може да избега, одговори Шекеринска на прашање од новинар, ќе успее ли оваа влада или преодната влада да организира успешни избори и да се продолжи понатаму?

Во продолжение останантите прашања и одговори:

Како ја коментирате реченицата од извештајот каде што се вели дека во прислушкуваните разговори се вмешани високи владини функционери. Очекувавте ли една ваква формулација во извештајот на Европската комисија?

На ЕК и беше лесно. Веќе и Груевски заборави да ги спомнува наводните сечени, монтирани и лепени снимки. Веќе и Груевски си ги заборави приказните за странски служби. На сите им станува јасно дека снимките се автентични и дека во снимките станува збор за огромни, незамисливи злоупотреби од страна на власта и на сите им стана јасно дека прислушувањето е дело на власта и луѓе врзани со власта. Така што, реков, Вистината за Македонија допре до многу граѓани во државата, а допре и до Брисел. И тоа покажува дека за одговорност од овој скандал нема да има бегање.

Колку ваквиот извештај ја уназадува Македонија на патот кон Европската унија сметајќи дека 10 години после добиениот кандидатски статус ние се радуваме на препорака?

Тоа е слично како и со законите, не не узадува пишаниот збор, не узадува лошата пракса и реалност во Македонија. Значи не е проблем огледалото, проблем е она што се гледа во него. За македонските граѓани проблем е кога не можат да најдат правда во судовите, за македонските граѓани проблем е кога некој незаконски прислушкува и може да бега од одговорност. За македонските граѓани е проблем кога корупцијата, гледаме, станала редовна пракса од највисокиот до последниот ешалон. Тоа се проблемите кои Македонија треба да ги решава час поскоро и тоа со проблемите кои и со овој договор и со изборите на 24 април Македонија има шанси да ги поправи. Затоа сметаме дека извештајот е со кристално јасен јазик, без многу дипломатски ракавици, со многу прецизни формулации и за жал, на власта, не и остави многу простор за бегање од одговорноста. Свесни сме дека заради тие се многу нервозни и дека денес ќе слушнеме многу различни верзии, ама еден е извештајот и тој вели дека работите во Македонија мора да се менуваат.