(Видео) Шекеринска: Крај на десороизацијата, нема дополнителен данок за невладините

Од:

Владата дала позитивно мислење, а Собранието донело автентично толкување на законот со кое се појаснува дека граѓанските организации не треба да плаќаат дополнителни средства во буџетот за активности кои се нивна основна дејност. Ова следува откако во 2016 година пред Државната изборна комисија, Никола Груевски повика на таканаречена „десоросоизација“, а инспекции беа испратени во голем број невладини организации кои беа критички настроени кон тогашната власт и им беа одредедувани огромни суми парични казни.  Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека преку ваквата „злоупотреба на институциите, Владата на Груевски сакала да ги замолчи, казни и да ги уништи финансиски сите граѓански организации кои не ги делеле ставовите на тогашната власт“.

„Казни им беа наплатени затоа што носеле државни службеници на обука на конференции, а не плаќале дополнителни даноци, за нешто што е нивна основна дејност и за што соработувале дури и со државните институции. Сега, автентичното толкување појаснува дека граѓанските организации не требале да плаќаат дополнителни средства во буџетот за тие активности. Ова толкување докажува дека Владата не сака да остава сиви зони со кои денес или утре  било кој може да го уценува, притиска или да манипулира. Со оваа одлука се стави крај на злоупотребата на институциите од ваков режимски карактер и ставаме точка на овој прогон наречен „ноќ на долгите ножеви“, која реално нашата држава ја претстави во светло на најлошите автократски режими“, рече Шекеринска.