ВИДЕО: Шарената револуција ја обои и зградата на УЈП

Од:

Демонстранти со боите на Шарената револуција ја обоија зградата на Управата за јавни приходи.

Пред зградата се пуштаа дел од незаконски прислушуваните разговори во кои според опозицијата се слуша министерот за финансии, Зоран Ставрески како и вели на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска „Ние сме лудаци, немаме за леб, а купуваме чоколади“.

Демонстрантите на зградата со боја напишаа „Шарена“.