(ВИДЕО) „Сакаме Аеродром да дише“: Се сечат дрвја во населбата по невремето

Од:

Неформалната група „Сакаме Аеродром да дише“ на Фејсбук денеска објави кратко видео од сечење на дрвја во оваа населба, за кое се тврди дека се случило после денешното невреме кое го зафати главниот град.

„Го искористија невремето за да пресечат уште едно од последните дрва кои останаа“, се вели во нивната објава.

Денешното невреме кое го зафати Скопје низ целиот град остави откорнати дрвја и предизвика поплави на повеќе улици.