„Втора недела по ред сметката на најбогата општина во државата, Општина Центар е блокирана. На овој начин се доведува во прашање работата на самата општина и на службите а воедно се загрозуваат и услугите кои им се даваат на жителите на Центар. Ова e врвот на неспособноста на градоначалникот Саша Богдановиќ и неговата администрација“-истакнаа на денешната прес-коференција од ВМРО-ДПМНЕ.
Советникот при советот на Општина Центар, Васко Робовалиев праша дали е вистина дека Општина Центар должи над 1,3 милиони евра?
„Дали е вистина дека овој долг е направен поради неодговорно работење на претх„одниот градоначалник Андреј Жерновски? Какви се пропусти се направени во досегашното работење на Општина Центар за да се доведе општинската каса до оваа ситуација? Дали е вистина дека платите на оние кои се вработени преку договори за привремени вработувања не се исплатени? Дали поради ваквата ситуација некој ќе понесе одговорност? -нагласи тој.
Според Робовалиев, недозволиво е општина како Центар да биде во ваква ситуација ако се знае колку огромни приходи генерира општината на основ на даноци, фирмарини и други такси.
-Ова е реален доказ на едно недомаќинско и непланско работење кое оди на штета на жителите на општина Центар, но и на нормалното функционирање на самата општина-заврши тој.