ВИДЕО: Протест против протерувањето на руски дипломат во Скопје

Од:

Група од триесетина граѓани попладнево протестираше против протерувањето на руски дипломат од Македонија.

Со македонски и руски знамиња и патриотска музика, групата се упати од плоштадот „Македонија“ во Скопје до руската амбасада, каде што организаторите се обратија кон присутните.

– Испраќаме порака до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, дека ние не стоиме зад одлуката на министерството за надворешни работи и Владата на Република Македонија. Затоа порачуваме дека Македонија е братски народ со Русија, така било и ќе остане, рече еден од говорниците, критикувајќи ја одлуката за протерување на руски дипломат од Македонија.

Министерството за надворешни работи на Македонија, вчера во координирана глобална акција реши да протера еден руски дипломат од Македонија, во знак на солидарност со западните сојузници, поради убиството на Скрипал.