(ВИДЕО) Протест пред затворот Идризово поради одлуката за амнестија на Иванов

Од:

Незадоволните семејства на затоврениците протестираа пред затворот Идризово против одлуката за амнестија на претстедателот Ѓорге Иванов.

Тие се револтирани што според нив во затворот има невини луѓе кои не се опфатени со оваа одлука на претседателот, а се помилувани затвореници или им се намалени казните на убијци и педофили.

-Внатре се случува штрајк, тие и така и така нема што да јадат значи штрајкуваат. Штрајкуваат бидејќи се во затвор без врска и поради неправда. Бараат амнестија, вели еден од штрајкувачите.

Затворениците не се откажуваат од барањето за нивна амнестија од страна на државата. Како што велат тие денешниот протест е со цел да се сврти вниманието на јавноста кон оваа одлука за амнестираните лица на Иванов.

-Тие не се задоволни од помилувањето на претседателот, се жалат на превисоките казни за делата за кои се осудувани, на лошите услови, на митото и корупцијата на одредени привилегирани луѓе кои што ги пуштаат на викенди. Нашите очекувања од оваа власт се очигледни, значи амнестија не може да постои за лица кои не се партиски и за лица кои не можат да платат од 2000 до 5000 евра да се најдат на списокот на помилувани осуденици од страна на претседателот, изјави Мери Николова.

Едни од оние кои не се најдоа на списокот за помилување на Иванов се и оние кои се осудени за криумчарење мигранти. Овие затвореници добиле драконски казни од 5 години и повеќе и покрај тоа што сега државата ги пренесува мигрантите легално.

-Мислам дека казната е превисока за такво дело, брат ми лежи тука еве има 7-8 месеци татко на 4 малолетни деца, дома невработени и тие мора од нешто да опстануваат. И тој беше невработен и мислам дека е превисока казната за такво дело и бараме амнестија. Изречена му е казна од 5 години и тоа со спогодба инаку со судење ќе добиел и повисока казна. Во пресудата му вметнале дека превезувал и деца, а немал деца во колата туку само возрасни 4-5 души, вели Ваљдета Рамани сестра на осуденик за превезување на мигранти.

Виктор Јованов