(ВИДЕО) Предавање на Борут Клабјан за претставите за Југославија во спомениците

Од:

Во ГЕМ клубот се одржа предавање на професорот Борут Клабјан со наслов „Југославија на работ-Претставите за Југославија во спомениците на италијанско-југословенската граница по втората светска војна“.

Тој во своето предавање се осврна на културата на сеќавање за социјалистичка Југославија во пограничната зона на Италија и Словенија кои се дел од неговото најново интердисциплинарно истражување за историската меморија и новите форми на идентификување во современа Европа.

Неговата презентација се однесува на тоа како Југославија е репрезентирана преку спомениците во Трст и на словенечко-италијанската граница. Тој преку предавањето направи краток историски преглед на Југославија , со фокус на спомениците како материјализација на воените години после втората светска војна.

-По 1945 година кога партизаните влегуваат во Трст од Словенија заедно со Англичаните и Американците од италијанска страна, почнува меѓународен проблем , оваа зона се дели на зона А која е под контрола на англо- американската војска и зона Б под контрола на југолсовеската восјка. Проблемот се решава во 1947 година, но Трст останува проблематично прашање и тоа трае до 1954 година.

-Материјализација на овие проблеми на локално ниво се спомениците, односно на југословенските претензии кон Трст како територија.

-Таа реторика на југословенските споменици зборуваат за активноста на државата од горе кон долу која се контролира и се знае. Во примерот со Трст е друг апсектот-активноста се случува од долу кон горе. Не е само државата која е најактивна туку се други актерите кои ги прават споменицит,е а тоа се обичните луѓе.

Борут Клабјан е роден во Трст, работи во Копер и на Европскиот Универзитет во Фиренца. Неговата докторска дисертација е наградена и има високи признанија и како најдобра дисертација предложена од словенечкиот институт во Трст. Има објавено две монографии, специјалист е за културна дипломатска историја и политичка историја на Централна Европа, поспецифично за северниот Јадран.

Темата со која се бави Калбјан-за југословенското историско наследство се уште не се прочува доволно во Македонија.

Целото предавање може да го погледнете во видеото.