(ВИДЕО) Пред гатачката, што кажа за Македонија турскиот астролог?

Од:

Актуелноста на гатачките во Македонија како начин за водење на државната политика , ја наметнува потребата А1он да потсети на турскиот медиум и астролог Мустафа Клч, за кој се спомнува дека имал средби и со некои наши политичари.

Клч во 2012 година, за А1он кажа дека сосема нова власт во Македонија ќе има во 2017 година, а до тогаш останува истата. Првите промени според него, како што кажа тогаш, ќе се случат во 2015 година. За локалните избори во 2013 година кажа деа ќе победи актулената власт.

Мустафа Клч се претставува како еден од најпознатите медиуми и астролози кој има соработка со ФБИ, и со познати личности од светот.

Во неговата биографија пишува дека го предвидел уривањето на кулите близначки, цунамито во Јапонија и повеќе природни катастрофи.