Пожар избувна во зградата на Министерството за правда попладнево, а опфатени беа повисоките катови. Според противпожарната бригата, во гаснењето учествуваа десет цистерни со повеќе пожарникари.
„Во 16:45 е пријавен пожар на ул.Димитрие Чупевски во Министерство за правда, интервенираме со 6 возила и повеке пожарникари“, соопштија од од противпожарната бригада.

Опожарени се три канцеларии во кои имало сметководствени документи, како и документи за меѓународна правна и бесплатна правна помош.

Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски изјави дека во 16.30 часот се вклучил алармот и сите во зградата биле евакуирани.

Засега не се познати причините поради кои избувнал пожарот.