Станари од зградата каде што утрово избувна пожар бараат да бидат извлечени бидејќи не можат да дишат од чадот.
Полицијата не пушта никој да влезе во зградата, а станарите гласно негодуваат и бараат да бидат извлечени.
Неофицијално, според исказите на станарите, пожарот е подметнат од нивен сосед кој живее во зградата. Тие тврдат дека сам го запалил својот стан. Како што кажуваат, и претходно го пријавувале и имале проблеми со неговото однесување.
К.Л.