ВИДЕО: Повеќе вода од асфалт на патот Росоман – Плетвар, шлепер излета од патот

Од:

Шлепер излета од патот меѓу Плетвар и Росоман, каде што има огромни количества вода на коловозот.

Видеото на кое се гледа шлеперот, сведочи и на лошите услови на патот каде дошло до несреќата. Асфалтот е буквално под вода и движењето е отежнето.

Автомотосојузот на Македонија препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во моментов полицијата врши увид на местото на несреќата.