(ВИДЕО) Пировска: Ова е скандал кој го покажа манирот на владеење во Македонија

Од:

Не е повредена само тајноста на гласањето, туку ниту еден од стандардите за фер избори не беше задоволен. На гласачкото ливче немаше ниту бројче, а бил користен печат од 2015 година, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет, по насилното изнесување на гласачките кутии.

-Брутално крадење на кутиите, на гласовите на студентите, а воопшто и немало избирачки список. Значи не се задоволени основните правила за да зборуваме за соодветна постапка за фер избори.

Ние ќе поведеме постапка за сето ова што се случуваше, ќе изготвиме и специјален извештај за бруталниот упад на власта во изборите, рече Пировска.

-Видеото е доказ дека не може да станува збор за легитимни избори и легитимно избран претседател, ова е скандал и показател каков е манирот на владеење во Македонија, рече Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Во Македонија долго време не можеме да зборуваме за принцип на владеење на правото, сме почнале многу постапки каде било очигледно дека станува збор за кршење на човековите права, но немало исход поради нефункционирањето на институциите. Сепак, ќе поведеме постапка и ќе ги запознаеме странските, односно меѓународните организации за кои сметаме дека се соодветни за ова прашање, рече Пировска.