ВИДЕО: Пикап кај Скопјанка се запали и изгоре една минута откако возачот го паркира

Од:

Пикап автомобил за достава на стока утрово изгоре на паркингот зад Скопјанка во Аеродром. Повредени нема, но оштетени се уште неколку возила во близина на огнот.

“Пикапот се запали само неколку секунди откако возачот излезе да остави стока во дуќаните. Изгоре точно за една минута и покрај тоа што неколкумина се обидоа да го изгаснат огнот”, вели очевидец за “А1он”.

Очевидци велат дека се запалила инсталацијата на автомобилот, но официјалните причини за пожарот ќе ги соопшти МВР.

Скопската противпожарна бригада пристигнала веднаш откако ги повикале и целосно го изгасила огнот.