(ВИДЕО) Петровска: Мицкоски да одговори за финансискиот скандал на ВМРО ДПМНЕ, поврзан и со германскиот пратеник Цех

Од:

Угледни германски медиуми, Шпигел и Фокус, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија ЦСУ, Тобијас Цех поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, цитирам, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“. Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ.Скандалот се поврзува со 2016 и 2017 година, време во кое советник и близок соработник на Никола Груевски му беше Христијан Мицкоски, потоа назначен и за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ – рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

„По оставката на пртаеникот Цех од Германија, Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да даде одговори: Од каде се овие огормни суми пари и на кој начин биле исплатени? Дали затоа финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница? Каква била улогата на Мицкоски прво како генерален секретар а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во дубиозното финансиско работење на неговата партија?Јавноста памети дека ВМРО-ДПМНЕ со години трошело милионски суми за лобирање и консултантски услуги и во Соединетите Американски Држави. Скандалите за финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат и границите на нашата држава. Партијата која денеска е со замрзнат имот, со блокирани сметки е пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење. Овој скандал заслужува институционално внимание на нашите органи.Мицкоски е должен да излезе пред граѓаните, како и пред партиското членство и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата“ – рече Петровска.