ВИДЕО: Пајакот на „Општина Центар“ откорна бандери и кабли во Дебар Маало

Од:

Службите на „Паркинзи на Општина Центар“, собирајќи непрописно паркиран џип, утрово собориле две бандери и кабли во Дебар Маало.

Граѓаните реагираат дека им се во прекин врските. Очевидци за велат дека едната бандера е откорната од корен, а втората е искршена. „Сите кабли се искинати“, велат очевидци.

Според жителите на ова градско подрачје, немаат интернет-конекција и телефон, а напојување за струја добиле. Очевидците велат дека паркинзите на ПОЦ се преполни, а на Грдаски паркинг зјаат празни.

Од ЈП ПОЦ реагираат дека каблите биле 80 сантиметри под пропишаните правила од 4,5 метри. Висината на пајак возилото со товар, била 3,7 метри.