(ВИДЕО) Осомничен за двојното убиство во хотел „Император“ екстрадиран од Албанија

Од:

Осомничен за двојното убиство во Охрид коешто се случи во хотелот „Император“, во понеделникот бил екстрадиран од Албанија каде што се наоѓал во екстрадиционен притвор од февруари оваа година кога беше уапен.

Триесет иедногодишниот охриѓанец бил преземен во понеделникот од албанските власти на граничниот премин „Ќафасан“ и спроведен во Истражниот затвор во Скопје.

Охриѓанецот е осомничен дека на 21-ви август минатата година убил двајца сограѓани на летната тераса во хотелот „Император“ којшто се наоѓа на улица „15-ти корупс“ во Охрид.

Во пукањето беа повредени педесет ишестгодишниот Васил Р. и триесет иосумгодишниот Ромео Ѓ., кои со итна медицинска помош беа однесени во Општата болница во Охрид, каде им подлегнаа на повредите.

Осомничениот и еден од убиените, Ромео, почнале да се расправаат и да се туркаат, по што осомничениот извадил пиштол, за којшто немал дозвола, и испукал еден куршум кон Ромео и го погодил во рамото.

Повредениот се обидел да избега кон рецепцијата на хотелот, но бил погоден со уште два куршума.

Во близина на рецепцијата, осомничениот бил пресретна од другиот сега убиен, Васил, во кого испукал еден куршум во градниот кош.

Осомничениот заедно со неговиот пријател со кого биле во хотелот, веднаш избегале со автомобил. На пресекот на улиците „7-ми Ноември“ и „Васил Главинов“ осомничениот излегол од возилото и избегал.

Неговиот пријател веднаш по убиството беше приведен и против него беше поднесена кривична пријава, а против сега екстрадираниот, беше распишана меѓународна потерница.