(ВИДЕО) Ордановски: Не очекувам Груевски да се кандидира на следните избори

Од:

Политички аналитичар Сашо Ордановски во гостувањето на вестите на Ал Џезеира Балканс изрази сомневање дека премиерот Никола Груевски ќе се кандидира на следните избори во април.

-Ако ме прашувате лично мене, не очекувам дека премиерот ќе се кандидира на следните избори, тој е имплициран во бројни кривични дела, односно имплициран е преку телефонските разговори, така што јас мислам дека ќе биде зафатен со други работи кога ќе бидат изборите. Мислам и дека не е добро ниту за земјата ниту за владеачката партија, човек со такви политички компликации и реална закана да заврши во затвор, да биде нивен пример.

Се зборува дека веќе има 30 до 35 дела, кои се движат од местење на избори до рекетирање и злоупотреба на функцијата на разни начни, што е крунски доказ за еден организиран криминал кој со години се одвива во Македонија на високо ниво. Не само премиерот туку и првите луѓе од неговото опкружување се во криминал до гуша.

-Јас сум сигурен дека до почеток на изборите маса од тие предмети, десетици кривични дела ќе бидат покренати. Не заборавајте не е само специјалната обвинителка, туку 12 обвинители, со дополнително стотина луѓе кои рабатата на лентите. Не се сомневам дека до април следната година, полно луѓе кои сега се по прес конференциите, дека ќе бидат на други клупи наместо на тие каде што се води политика, рече Ордановски.