Огромен пожар беснее во близина на Пехчево, во шумски предел. Пожарот е активен повеќе од два часа, зад локалитетот „Манастир“ односно манастирот „Света Петка“.
Според првичните информации, пожарот се шири поради ветерот. Први да го гаснат искочиле околу 30 мештани, а на терен е и градоначалникот Драган Тренчовски.
Како избил пожарот и дали има опасност да го зафати и манастирот, засега нема информации. Случајот е пријавен во противпожарната бригада која интервенира. „А1он“ се обиде да исконтактира со Тренчковски, но тој не одговори на повиците. За состојбата во Пехчево со пожарот, засега нема информација ниту од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.