Вечерва со почеток во 19 часот „Сојузот на иднината“ од Струмица ја почнува својата предизборна кампања.
– Победничка и европска Струмица во којашто секогаш почнуваат и секогаш се реализираат најголемите и најубавите проекти, пример и поттик за сите останати во државата, вечерва ќе биде местото од кадешто ќе почне уште една трка за уште поголеми успеси и за една голема победа. Тука делата се најголемата вистина, рече на денешната прес конференција Васил Георгијевски, портпарол на општинскиот огранок на СДСМ.
На плоштадот во Струмица, ќе бидат промовирани кандидатите за градоначалници Зоран Заев за Струмица, Петар Спасов за Ново село, Жан Зимбаков за Босилово и Васе Коцев за Василево.
Од општинската организација на СДСМ повикаа на уште една битка за подостоинствен живот со европски стил.