(ВИДЕО) Низа неправилности, нема паравани за гласањето за студентски лидер

Од:

Гласањето на УКИМ за нов студентски лидер се одвива со низа неправилности. Студентите гласаат јавно, зошто нема дури ниту паравани. На Правниот се гласа пред сите, нема паравани. На Филозофскиот и Филолошкиот факултет има само еден параван на кој пишува “Филозофски факултет“ додека на Филолошкиот факултет кај гласачката кутија нема параван.

Од Студентскиот пленум посочија дека не е дозволено да се гласа без паравани, со оглед дека гласањето треба да биде тајно.