(ВИДЕО) Ненов: Граѓанинот последен дознава дека должи, дури откако ќе му биде блокирана сметката

Од:

Граѓанинот последен дознава дека должи, дури кога му е блокирана сметката, тоа е проблем на системот кој треба да се исправи, велат од здружението „Но пасаран“ .

-Во законот пишува што е доверител што е должник, а нема одредба дека треба да има договор. Има компании кои ве стваат во должничко ропство без договор. Се злоупотребуваат судски печати и се штанцаат нотарски платни налози за кој граѓанинот повторно не знае. Бараме да се укинат вакви долгови, порача Марјан Ненов.

Според Ненов, еден од главните виновници за проблемите со големите долгови, кои сега се обидуваат да се исправат со предлог-законот за отпис на камати на долгови, е поранешниот министер за правда Михајло Маневски. Со законски измени, од 2006 наплатата на долговите наместо да се врши во судовите, премина во рацете на нотарите и извршителите.

Галена Николовска – Ризвановиќ