(ВИДЕО) Најчевска: Граѓаните да не чекаат од невладините туку индивидуално да си ги бараат своите права

Од:

Каква е улогата на граѓанскиот активизам во Македонија, кои се неговите предизвици и слабости, како граѓаните треба да си ги бараат своите права преку организирани или неформални здруженија, беа дел од прашањата на денешната дебата и промоција на „Прирачник за активно граѓанство“ во издание на Форум ЦСИД, УСАИД и Фондација Отворено општество – Македонија.

Според професорката Мирјана Најчевска активното граѓанство не значи само членување во некои невладини организации, туку за индивидуало ангажирање на граѓаните во разни организации или неформални здруженија со цел да се реши некои прашање.

– Тоа значи дека во некоја активност не влегувам како член на некое здруженија или организација, туку се обидувам низ невладините организации, да ги поставам на дневен ред, да ги задоволам различните потреби и интереси. И тоа е она што најмногу недостига на грашанското движење во Македонија, а тоа е флексибилноста. Индивидуалноста и флексибилноста се елементи кои што многу ни недостасуваат флексибилноста и индивидуалноста. Воопшто не мора да постои формално здружување за да може да се делува, рече Најческа.

Според неа во целиот развоен период на државата, како сосема да се заборавило на елементот на индивидуалноста, а цело време се зборувало за колективи.

– Да речеме открив дека е направена таква промена во законите, граѓаните како индивидуи не можат да побараат автентично толкување на одреден закон, тие не можат ни од своите претставници да побараат толкување на законот со кои се судираат, додава Најчевска.
Има две пречки во развојот на граѓанскиот актвизам тоа е бирократизирањети на самите невладини организации со што се изгубил елементот на креативност.

– Во последно време граѓните ја открија улицата и едно-две, ајде ќе одиме да демонстрираме, но улицата е само еден начин, една алатка на изразување на одредено барање, потреба. Постојат и многу други, да речеме не сум видела луѓе што ја користат можноста што има ја дава законот за клокална самоуправа и да присуствуваат на седницата на локална самоуправа на која се разгледува завршната сметка и буџетот и да поставуваат прашања, не еден, двајца, туку 100, 200, 500 луѓе да доаѓаат со подготвени прашања и на тој начин почнуива да работи системот, рече Најчевска.

Во прирачникот за активно граѓанство собрани се искуствата до досегашните школи.

– Форум ЦСИД во рамки на големиот проект на УСАИД за актвино граѓанство спроведува една школа за активно граѓанство, во која веќе поминаа седум генерации на слушатели, а во тек е повикот за осмата генерација, значи над 200 млади луѓе веќе добија обуки за местото и улогата на граѓанинот, граѓанскиот сектор во општеството, во државата, рече Слаѓан Пенев од Форум ЦСИД.

Предавачи на ови школи се истакнати членови на граѓанското општество кои што и од теориски и од практичен аспект ги предаваат нивните знаења и научни истражувања.

– Врз основа на таа пракса од 4 години, што веќе ја имаме во рамките на оваа школа, направивме прирачник кој ќе биде корисен не само за следните генерации, туку и за поширокото граѓанство, секој што сака знае како да подготви една граѓанска акција, колку е битна улогата на лидерот, како се регрутираат граѓани за каузата за која што се залагаат, додава Пенев.

Презентирани се и неколку студии на случаи кои покажуваат колку граѓанските организации во Македонија влијаеле некои битни проблеми во општеството поврзани со човековите права, со правото на изразување, со социјалните права да станат видливи во општеството.

А.Б.