(ВИДЕО) МВР: Двајца вработени од мобилниот оператор А1 спасени кај Лазарополе

Од:

Во СВР Тетово е пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со двајцата вработени надлежните не можеа да се воспостават контакт по телефон поради слабата мобилна мрежа.

Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до полициската станица во Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за униформирана полиција при МВР како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, екипите се упатија кон местото на настанот. Денеска во 8.30 часот, лицата се пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“, извести полицијата.