(ВИДЕО) Мирно на Битпазар, пред судот полиција

Од:

Иако закажани за во 14 часот, денеска во Скопје не се одржаа протести. По петочните насилни демонстрации каде се судрија полицијата и демонстрантите денеска забележливо беше засилено полициско присуство пред судот, каде и започнаа немирите во петокот.

Улицата која води кон Битпазар и Јаја Паша беше отворена за сообраќај а околните дуќани работеа, зашто сопствениците имаа информација дека протести денеска ќе нема.

Во петокот протестот излизе од контрола кога демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон судот и полицијата. На камењата МВР возврати со солзавец и шок бомби.

Билансот од демонстрациите беше дваесетина повредени полицијаци и седумина приведени учесници во демонстрациите. Освен во Скопје, насилни демонстрации вчера имаше и во Тетово.