Министерот за правда Билен Саљији поднесе оставка поради како што рече разнишаната доверба на граѓаните кон ветувањата за правда за сите.
Саљији вели дека довербата во судството почнала да се враќа преку случаите „Сопот“ и „Монструм“, но во овие моменти, тој смета дека довербата е разнишана.
-Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам дека треба да поднесам оставка, рече Саљији.
Според Саљији, најмалата давијација може да донесе непоправливи последици, а најважна во процесот на реформите е довербата на граѓаните.
