(ВИДЕО) Милошев: Катастрофалните политики на Груевски и Тодоров доведоа до колапс на здравствениот систем

Од:

Нова виртуелна инвестиција на Груевски и Тодоров во Штип е најавената изградба на соодветен бункер во Клиничката болница во Штип потребен за сместување на акцелераторот за зрачење на малигни заболувања. Никола Тодоров на почетокот на 2014 година вети дека зрачните терапии за пациентите на коишто им се потребни, ќе започнат најдоцна до почетокот на 2015 година, вели Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.


 
Не само што не се започна со зрачната терапија, туку изградбата на бункерот повеќе од шест месеци е комплетно стопирана. По свечено пресечената лента, остана само отпад и смет.
 
Пациентите коишто боледуваат од малигни заболувања со право реагираат. Тие се приморани секојдневно да патуваат до Скопје.
 
Манипулациите на Груевски и Тодоров немаат граници. Во нивниот виртуелен свет сакаат да ги втурнат и тешко болните.
 
Тодоров и Груевски ги излажаа пациентите на коишто зрачните терапии живот им значат.
 
Зошто се запрени градежните работи за изградба на бункерот?
 
Катастрофалните политики на Груевски и Тодоров доведоа до колапс на здравствениот систем.
 
Никола Тодоров го интересираат само тендери, а Никола Груевски го поддржува.
 
Граѓаните порачуваат: Оставка Тодоров!