Очекуваме одлука во интерес на државата за спас од оваа апокалипса што ни се случува и се најавува. Има повеќе опции, се надеваме на одлука што ќе ги задоволи сите, а ќе биде во интерес на државата, кратко порача членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Тони Михајловски, пред почетокот на партискиот состанок.
Попладнево се закажани состаноци на Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по кои се очекува партијата да го соопшти официјалниот став за референдумот.
Членовите се со различни мислења, од бојкот до повик за изјаснување на референдумот, но преовладува ставот граѓаните да одлучат по сопствено убедување, кој го најави и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од Кичево.
Галена Николовска-Ризвановиќ