(ВИДЕО) Михајловски: Лепиш плакати, стануваш пратеник, отвараш коверт со патни трошоци и ејјј 10 илјади евра

Од:

Актерот Јовица Михајловски на неговиот Фејсбук профил објави видео во кое што главна тема се патните трошоци на пратениците, кои повторно достигнуваат суми од над 10 илјади евра.

– Сите ја знаете процедурата – влегуваш во партија, лепиш плакати…јадеш сендвичи и стануваш пратеник. После одиш на благајна и си земаш ковертче со патни трошоци ииии 10 илјади евра. Одиш пак и пак 10 илјади евра, вели Михајловски во видеото, во стилот на актерот Оливер Митковски од популарната реклама.