Пратеникот Весел Мемеди по неговото сведочење во Кривичниот суд за настаните во Собранието од 27 април минатата година изјави дека е убеден оти се било сценарио.
Тој рече дека пратениците Артан Груби и Џеват Адеми се јавиле за збор пред пратеникот на БЕСА, но тогашниот претседавач со Собранието, Трајко Вељаноски му дал збор на пратеникот од БЕСА, кој од собраниската говорница ја пееше албанската химна.
– Праниците на ВМРО-ДПМНЕ, кога се пееше химната од страна на пратеникот на БЕСА викаа „тишина, тишина“, за да може химната да се слушне подобро надвор од пленарната сала, рече Мемеди.
За време на неговото сведочење во судницата, Мемеди рече дека откако толпата влегла во Собранието, им предложил на пратениците да ги извадат краватите за да не ги задават со нив.