ВИДЕО: Меѓународниот сојуз ќе им помогне на малиот Васко и неговото семејство

Од:

По утврдената фактичка состојба, Меѓународниот сојуз за цивилно општество ќе преземе потребени мерки за помош на малиот Васко од Струмица и неговото семејство.

Sredba vo opstina Strumica

Posted by Boki Jovanovski on Monday, June 12, 2017

-Ќе биде направено психолошко советување и третирање на семејството од страна на стручен тим на Меѓународниот сојуз предводен од Проф. Др. Дијана Велевска. На семејството исто така ќе му бидат доделени материјални средства за задоволовување на основните егзистенционални потреби по утврдување на состојбата на семејството, изјави Претседателот на Меѓународниот сојуз за цивилно општество, Бојан Јовановски.

Поради информацијата дека Васко не посетува редовна настава, Меѓународниот сојуз по утврдување на неговата психолошка состојба и воспитно социјален статус ќе го вклучи Васко во образовниот систем.

Покрај финансиска и психолошка помош, Меѓународниот сојуз ќе помогне и во реновирање на куќата во која живее семејството Тасеви.

Претседателот на Меѓународниот сојуз, оствари средба со Костадин Костадинов, в.д. градоначалникот на Струмица на која беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу сојузот и општина за помош на социјално загрозените семејства.

-Меморандумот ќе ги опфаќа сите граѓани на општина Струмица особено најранливите категории на граѓани преку точен систем кој предвидува јасни мерки и активности, изјави Костадинов.

Ова делување на Меѓународниот сојуз е ад-хок делување поради тоа што Јовановски се уште официјално не е претседател на сојузот, официјалното назначување е закажано за 22 овој месец.

-Овие активности моравме да ги направиме поради тоа што граѓаните очекуваа од мене лично како поединец да му помогнам на Васко и неговото семејсттво, вели Јовановски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бојан Јовановски со сопствени средства го вдоми бездомникот Свето

А1он