(ВИДЕО) Манчевски: Ќе треба државата од почеток да ја градиме по четврти пат

Од:

На денешната дебата на тема „Поддржуваме домашни претпријатија, инвестираме дома“, СДСМ презентираше мерки со кои како што објаснија партиските преставници можно е да се користи домашна струја, наместо да се плаќа скапа увезена струја, можно е до секој поголем град во Македонија да се стигнува за најмногу час и половина, дека е можно земјоделците да земаат и повисоки и навремени субвенции што ќе им овозможи достоинствен живот и ќе овозможи развој на земјоделството, дека е можно тие да работат на своја земја наместо да аргатуваат.

„Презентиравме мерки што обезбедуваат функционирање на домашните и средни претпријатија коишто можат да обезбедат пристојна работа и пристојна плата и да бидат носители на семејни егзистенции и вистински економски развој. Од граѓаните добивме издржани и квалитетни предлози што ги земаме предвид во заокружувањето на новата програма“, се вели во партиското соопштение.

Прв пред присутните на Скопскиот саем се обрати Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, кој рече дека поради лошите политики на актуелната власт ќе треба по четврти пат да ја градиме државата од почеток.