ВИДЕО: Македонски моторџии во поход по најсеверната точка во Европа

Од:

Македонски моторџии денеска тргнаа во поход за освојување на најсеверната точка во Европа – Кејп норт. Македонските моторџии од клубот „Вардар“, за освојувањето на Кејп норт велат дека е исто како што за планинарите е искачувањето на Монт Еверест.

– Сакаме да ја освоиме најсеверната точка во Европа, а потоа ќе извозиме уште 2300 километри, малку на југ, за да стасаме на светското Фим рели, кое годинава се одржува во Шведска, рекоа пред тргнувањето мотоциклистите од мото-клубот „Вардар“.

Тие објснуваат дека Фим релито секоја година се одржува на различно место во светот и дека предизвикот е голем за да се освои добар пласман таму.

– Тројца моторџии одиме на ова рели и еден совозач. Се надеваме дека ќе успееме. Релито трае четири дена, па се враќаме дома. На релито се бориме за пласман, а се бодува така што се гледа со каков мотоцикл се доаѓа, колкава километража е помината, и тука очекуваме поени зошто доаѓаме од подалеку, плус се гледа колку возачи сме, велат од мото-клубот „Вардар“.

Мото клубот „Вардар“ е најстар моторџиски клуб кај нас. Се оформиле во 1978 година, а за догодина најавија прослава и јубилеј по повод 40 години од постоењето.