(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски: Од 1998 до 2002, ни еднаш не сум зел кредит за да дадам плата и пензија

Од:

Во гостување во емисијата „24 Анализа“ на 24 Вести, претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, зборува на повеќе актуелни теми, вклучувајќи ги локалните избори, како и економската и политичка ситуација во земјава.

Тој во дел од муабетот се осврна на трендот на често задолжување на земјата со милионски суми, за, како што вели, да можат да се поделат плати, пензии, субвенции, и потсетува на времето кога тој беше на чело на македонската влада.

– Од 1998 до 2002 ни еднаш не сум зел позајмица од банка за да дадам плата, пензија, или било каква обврска од буџетот – вели Георгиевски и предвидува банкрот во 2015 година.

Целата емисија можете да ја погледнете во продолжение.