Кумановци ги повикуваат политичарите на терен, а не да повикуваат на смиреност од канцелариите.
-Го повикувам албанското лидерство, да дојдат да бидат со народот, СДСМ и Груевски нека дојдат тука. Од кабинети, од таму, каде се нивните фамилии? Измислуваат овој ги испратил во Лугано, тој каде ги испратил? Има некој роднина тука?
Жртви ако сакам, нека загинам првиот. Јас немам лоша намера кон македонскиот народ , имам полно другари, имам соживот. Да чуваме ладнокрност, тие и едните и другите играат игри. Ние што сме, слепи следдбеници? Даде ли некој одговор зошто дојде до ова?
Каде води ова, зошто дојде до ова, да не го направи Путин и Америка? Ние го правиме смрадот во нашиот двор, и после велиме ни смрди. Луѓето не се виновни, ни Македонци, ни АЛбанци, ни Турци. Можеби имаше денови кога не лажеа и манипулираа, но сега народот е свесен. Прават филмови таму со народот, опколени, убивани.
Четириесет години живеам овде, четириесет зборови немам со Македонец, напротив, јас како Албанец и тој како Македонец ги сфативме манипулациите што ги прават, рече жител на Куманово во изјава за Вести 24.