Директорот на Градската општа болница „8 септември“ Христијан Костов на одбележување на патронатот повика на обновување на оваа институција и нејзино ставање во ранг со модерните европски медицински центри.
– Не можам да не кажам дека сме во сала од времето на социјализмот, дека се распаѓа фасадата, да не кажам за застарените операциони сали, стари колку и оваа сала. Но не е време денеска за критизерство, ќе се задржиме на моќта на оваа институција.
Исправени сме пред предизвикот оваа болница да исчекори напред, да ги видиме нашите грешки и тоа да биде основа на нашиот развој.
Тој развој значи создавање на најмодерниот, најфункционалниот и стручно најпоткованиот дел од македонското здравство. Сама така има смила и моето појавување и мојот труд во оваа болница, рече Костов.
Тој изрази благодарност до сите вработени кои како што рече заслужуваат должна почит со оглед дека низ ходниците на болницата освен потенцијалот, го оставиле и голем дел од приватниот живот.
Костов и претходно на прес конференција најави изградба на хелиодроми за потребите од брз транспорт на пациенти како и нови хируршки сали.