40 изведувачи ангажирани од Владата ќе ја анимираат публиката на прославата за добиената покана од НАТО. Низ 15 градови ќе бидат групата „Архангел“, Слаткаристика, Владо Јаневски, ДНК, С.А.Ф. Бени Нон Стоп, Ориѓански, Елена Ристеска, ДНК и други.
Во 2016 година, СДСМ реагираше за прославата по повод 100 години Ѓорче Петров, за што велеа: „Нема пари за помош на поплавените, а има за прослави!“.
Дане Талески, член на Извршниот одбор на СДСМ вo 2010 за прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ пишуваше: „Од каде им пари за целата прослава и колку ќе чини тоа? Знаат ли дека во Македонија секој трет е без работа, а осумдесет проценти живеат во сиромаштија?“.
Според него, тогаш ВМРО-ДПМНЕ требале да понудат решенија, а не да прават „маратонски партиски прослави“.
Некои од музичарите кои ќе настапат во сабота тврдат дека се изиграни. Бендот „Conquering Lion“ вели: „Од Владата ни кажаа дека ќе настапиме на културна манифестација“.
Адвокат од Скопје им нуди бесплатна правна помош на изведувачите кои сметаат дека се изиграни. Член на рап бендот С.А.Ф. ќе настапи затоа што според него тоа било начин да се сочува Македонија и да не се смени името.
Договорите со сите изведувачи се склучени, но од Владата тврдат дека конечната сума сè уште не ја знаат. Прославата за НАТО сè уште нема цена.
Кристијан Ландов