Покрај аплаузот од малкумината присутни на Мечкин Камен, на кратко за Талат Џафери имаше и свирежи, а еден од посетителите упорно и гласно му се обраќаше на претседателот на Собранието.
-Засрамота! Како не ви е срам. Да живее Македонија! Ова е светогрдие, извикуваше тој.
-Не е опасен, се слуша од луѓето до него.
Талата Џафери во говорот повика на заедништво без разлика на националноста и религијата, и нагласи дека во овие 26 години самостојност поминавме низ повеќе премрежија и кризи, но најважно е што кај граѓаните не се нарушил духот на соживот.