Пратеничката на СДСМ, Билјана Казанџиска вели дека за да се одземе имунитет на пратеник, треба да се докаже вина.
Таа не чувствува вина за тоа што се обиделе да влезат во СВР Штип.
За да се одземе нечиј имунитет, најнапред треба да се докаже вина. Јас во тие случувања воопшто не чувствувам вина. Ако треба уште еднаш така ќе постапам, бидејќи ако некого повикуваш на мирен информативен разговор, а да го пречекаш со 20 специјалци пред полиција за почеток, а потоа да бидат којзнае колку, тогаш треба да имаш аргументи – рече Казанџиска, одговарајќи на новинарско прашање денеска после прес конференцијата на СДСМ – Штип.