(ВИДЕО) Каранфилова-Пановска: Треба уште многу да работиме за потполно отворено општество

Од:

На денешната конференција по повод 25. годишнината од формирањето на „Фондацијата отворено општество“ што се одржа во Музејот на современа уметност, фокусот беше ставен на темата „Има ли шанси за отворено општество во Македонија?“.

Конференцијата ја проследија бројни активисти од граѓанските асоцијации како и претставници на институциите кои го проселедија претпладневното воведното излагање на Маја Бојаџиевска, претседателка на Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество, на Патрик Гаспар, претседател на Фондациите отворено општество и Зоран Заев, претседател на Владата.

Модератор на конференцијата беше Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на Фондацијата. Според неа, Македонија од минатата пролет до денес бележи голем напредок во отвореноста, односно од епитетите што ги добиваше како „заробена држава“, до сликата која може сега да се види, има голема разлика. Сепак, сметаа таа треба да се работи уште многу за да се постигне потполно отворено општество.

„Фондацијата отворено општество-Македонија веќе 25 години се залага за создавање на динамично и толерантно општество, во кое граѓаните се силни, активни и вклучени, а властите се одговорни, отчетни и отворени за соработка. ФООМ вложи повеќе од 145 милиони долари за подобрување на животот на граѓаните преку континуирана поддршка на иницијативи кои овозможуваат подобро образование и здравство, владеење на правото, почитување на човековите права, плурализам во медиумите и слобода на говорот“, истакна Каранфилова Пановска.

Меѓу другите теми, на конференцијата се расправа за „Граѓаните, политичката култура и идентитетите“, „Нема правда, нема мир“, и многу други теми што се однесуваат на можните пристапи и стратегии за одржлив и значаен одговор на предизвиците на зачувување на демократските стандарди.

Конференцијата ќе продолжи и утре, со бројни говорници и гости на темите за граѓанското општество. За време на конференцијата може да се погледне изложбата што илустрира дел од 25.годишните реализирани активности на Фондацијата. (А.В)