(ВИДЕО) Јовановиќ: Никаква еврообврзница додека не се воспостави дисциплина и транспарентност во трошењето на јавните пари

Од:

Јавните финансии се запоставени во преговорите за надминување на кризата а индикатор за тоа е што во извештајот на Прибе тие воопшто не се спомнуваат, оцени Бранислав Јовановиќ на презентацијата на документот за реформи на граѓанскиот сектор.

– Тоа е голем проблем, затоа што најголем број на изборните малверзации се одвиваат преку злоупотребата на јавните финасии. Токму затоа во овој документ имаме посебно поглавје за јавните финансии. Двата главни проблеми што ги идентификувавме во сферата на јавните финсии се нетранспарентноста и недисциплината. Јавноста не знае на кој начин се раководи со јавните финансии. Пример за тоа е еврообврзницата, неколку дена по неуспехот со издавањето на еврообврзницата, немаме официјални информации што всушност се случи. Светските банки знаат, а ние кои треба да ги враќаме тие пари немаме сознанија за проспектот. Втор пример за нетранспарентност е структурата на буџетот. Има една ставка што се вика „разни договорни услуги“ и таа ставка во буџетот за 2016 година изнесува околу 500 млиони евра. Тоа е огромна сума пари која во последниве 10 години е зголеме за повеќе од два пати. Повеќе од 300 милиони евра и преку таа ставка се вршат најголем дел од оние анекси на договори за Скопје 2014 и всушност не знаете за што се трошат овие 500 милиони евра. Тоа е илустрација за нетранспарентноста за трошњето на јавните пари. Недисциплината, пак, значи дека фискалните одлуки што се носат се разликуваат од оние што се предвидуваат, рече Бранислав Јовановиќ.

Дефицитите се секогаш поголеми од оние што првично биле објавени, така минатата година воопшто немало решение да се издаде еврообврзница, но на крајот на годината сепак таа се издаде на сума од 270 милиони евра. За оваа година било предвидено да се издаде еврообврзница за околу 300 милиони евра, а сега власта сака да ја издаде на сума од 650 милиони евра – ова покажува фискална недисциплина во трошењето на јавните финансии.

– Во овој документ се бара враќање на фискалната транспарентност и на фискалната дисциплина. Конкретните мерки преку кои ва може да се оствари се ојавување на двонеделни или месечни буџети т. е планови за реализација на буџетот кои што би иле јавно достапни и многу поаналитични. Втората мерка е паралелн со овој план на буџетот да се објавуваат документи за реализација на буџетот и тие исто така да бидат двонеделни или месечни. На тој начин, јавноста ќе може да следи како се трошат јавните пари и да види дали она што е планирано е и реализирано. Дополнително, имаме и мерка за контролирање на задолжувањето за Владата, а тоа ќе се оствари така што секогаш кога ќе има отстапување помеѓу она што е предвидено задолжување и и она што Владата сака да го реализира, таа ќе мора јавно и транспарентно да каже зошто е тоа потребно и за што ќе се трошат тие пари, рече Јовановиќ.

Другите мерки што се предлагаат се однесуваат на долговите на Владата кон економските субјекти и во овој докумет се предлага да се објави колку изнесува тој скриен долг и да се направи план за исплата на овие долгови. Владата да објави јавен план за капиталните проекти, кои се започнатите проекти и да се воспостават приоритети во извршувањето на овие капитални проекти. Она што е не е неоходно да се стопира. На пример, ако не е неопходна барокна фасада на ГТЦ, тоа да се стопира и од друга страна ако треба да се направи водовод во некое село, тоа да биде приоритетно. Слична е мерката и со јавните набавки, бидејќи има голем број јавни набавки кои се сомнителни.

– Овие мерки може да се реализираат за 3 месеци, ова се итни мерки што треба да се спроведат за да може да има регуларни избори, а подолгорочните мерки треба да се започнат во овој период од 3 месеци. Те се однесуваат на пресметка и објавување на вкупниот јавен долг на државата, се шпекулира дека тој веќе достигнал 55 отсто. Владата да ојави колкав е бројот на вкупно вработени лица во јавниот сектор и како се движело вработувањето. Потоа, треба да се направи анализа на финасиските последици на Скопје 2014, на привлекувањето странски инвестиции, на одржливоста на пензискиот систем, на земјоделските субвенции и на социјалните импликации на даночниот систем. Не треба да се продолжи со издавањето еврообврзницата заради недисциплината во фискалната политика и нетранспарентноста, рече Јовановиќ.